Би го избрале ли Авганистан како туристичка дестинација?? Вреди…

popara18 февруари, 20123min00
1 (14)

Со оглед на „морничавата“ страна која ја прикажува државата Авганистан, Ви нудиме неколку фотографии кои можеби ќе Ве наведат да ја изберете како следна дестинација или барем за миг ќе забележите и прекрасни страни за ова толку зборувано место…

Авганистан, всушност има прекрасни предели.Со претстојното повлекување на американските трупи и подготовката од страна на Талибанците за преземање на власта,се поверојатно станува дека Авганистан ќе биде и туристичка дестинација, вредна за посета.

Еве неколку места кои истото го потврдуваат…

Градбите на Буда во Bayman- Изградени во шестиот век, тие претрпеа огромна штета и беа тотално уништени од страна на Талибанците. Со сигурност ова претставува најголемиот вандалски чин на 21 век, кој сепак вреди да се посети.

Езерото Band -e- Amir – Прекрасно е и неодоливо! Познато е како авганистанскиот Gran Kanyon. Всушност целото езеро е мозаик од пет езерца. Со текот на милениумите, водата богата со калциум карбонат создала ѕидови по природен пат.

Shar -e- Gholghola – Историски гледано, беше смешно да се плеткаме со Џингис Кан. Меѓутоа, народот во ова место очигледно не ја доби пораката и го уби неговиот внук. За да се одмазди, Џингис Кан тотално го уништи ова место и уби 150 000 жители. Градот никогаш повеќе не бил обновен. „Градот на тишината“ сепак ќе продолжи да живее.

Mazar -e Sharif – Во овој град е сместена можеби и најубавата џамија што постои. Името на градот значи „ Гробот на возвишениот“, а Синиот мозаик е во чест на зетот на пророкот Мухамед.

Minarets- Газни, во источниот дел од земјата е познат по своите минариња. Некои од нив се постари дури и повеќе од 1000 години.Овој град е познат по неговиот микс од етноси и религии.

Стариот Бост- Главниот град на провинцијата Хелмунд, крие тајна- скриениот град Бост, за кој што долго време не се ни знаело дека постои…мистериозно !

Кибер патеката- Ова е местото кое Авганистан го поврзува со Пакистан и му дава една сосем поинаква димензија,изолација и убавина…Прекрасно е !

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag