„Јајца за војници“ е семеен бизнис кој е лоциран во Лондон и има за цел да собира средства за англиските војници кои се распоредени низ воените жаришта низ светот. Всушност станува збор за продажба на картони за јајца во маслинесто зелена воена боја, а 15% од приходите се наменети за хуманитарни цели, односно за помош на настраданите војници.
Со цел да привлечат внимание на својот бизнис и на својата кауза, тие го најмија британскиот скулптор Стјуарт Мурдок кој креираше тенк во природна големина направен од 5016 картони за јајца.
Освен картоните, за изработка на тенкот кој е реплика на Челинџер 2, биле потребни и 10.000 шајки, 26 литри лепак, 15 литри боја, железо и 5013 хефталки, но Мурдок успеал да го заврши проектот за само три недели.