Поп ѕвездата Наташа Беквалац во четвртокот вечерта атмосферата во “Колектив” ја довела до лудило и во таа прилика открила дека конечно одлучила да се сели од Нови Сад во Белград.
Натка конечно одлучила заедно со нејзината ќерка Хана да го напушти родниот Нови Сад. Всушност, Натка во четвртокот во клубот Колектив , која им приредила одлична забава на гостите, пеејки ги своите хитови, но и песните на своите колеги. И овој пат, Наташа со посебна енергија ја извела песната на Ријана “We Found Love”, но сепак најголемата реакција и аплауз добила со големиот хит “Ja Sam Dobro”.
Иако за време на настапот пиела само вода, пејачката била видно расположена и понесена од добрата атмосфера, а во еден момент ја запеала и песната “Beograd”. Иако Наташа пеела во клуб во Белград и лесно може да се заклучи дека оваа песна ја избрала поради тоа, споменатата песна сепак имала поголемо значење за Наташа.
Како што дознаваме, конечно паднала одлука, Беквалац заедно со својата ќерка се сели во Белград.
-Наташа долго време се двоумеше околу селењето во Белград, особено поради тоа што е многу приврзана за Нови Сад. Меѓутоа, поради тоа што во моментов има премногу обврски во Белград, конечно одлучила дека најдобро решение да се песели. На оваа нејзина одлука најмногу влијаела нејзината ќерка Хана, бидејќи нејзините секојдневни обврски и патувања и одземаат многу време, а таа сака што повеќе од слободното време да го поминува со својата ќерка, открива близок извор на пејачката.
Значи, Белград…пристигнува Наташа, која оваа информација ја потврдила на својот настап со зборовите: -Вечерва сме во главниот град, во која наскоро дефинитивно ќе се преселам!