Полицијата во Хонг Конг пронашла околу 800 комбри за кои се верува дека се шверцувани за да се продаваат како деликатес.
Сите 789 отровни кинески кобри биле пронајдени закопани во 180 пластични вреќи и скриени во грмушки на плажа на островот Лантау.
Експертите за животни ги успале змиите и изјавиле дека тие не смеат да се пуштат во дивината бидејќи претставувале закан за јавната безбедност.
Кинеските кобри се користат за правење лекови, а во Кина се популарни и како деликатес.