Сензационално откритие! Ова е синот на Адолф Хитлер?!

popara20 февруари, 20121min00
y63

Парискиот адвокат Жан Мари Лор кој починал во 1985 година наводно бил син на нацистичкиот лидер и французинската Шарлот Лобжоа, покажале новите истражувања.

Парискиот адвокат Жан Мари Лор кој починал во 1985 година, би можел да е син на Хитлер и тогаш малолетната французинка, покажале нови истражувања, кои биле објавени во парискиот магазин Поинт.

Лор низ својот живот постојано тврдел дека е син на дикататорот, дури напишал и книга која се вика „Твојот татко се викал Хитлер“, а новите докази најверојатно ќе покажат дека тој бил во право.

Книгата на Лор била базирана врз основа на разговорите кој тој ги имал со својата мајка. Според наводите, Шаролот го запознала Хитлер во малечкото градче Фурн ин Веп, западно од Лил во јуни 1917 година, кога имала само 16 години. Хитлер тогаш се борел против французи , но и кратко живеел таму.

Наводно Шарлот и Хитлер имале кратка врска, а потоа таа останала бремена.

„Кога твојот татко беше тука се шетавме низ шумата и природата. Но тие прошетки секогаш завршуваа лошо. Тој не зборуваше француски. Тешко се разбиравме“, наводно биле зборовите на Шарлот.

Покрај разликите нивната врска траела доволно долго за таа да забремени, а во март 1918 година се родил Жан Мари. Тој бил даден на посвојување, а мајката на само неколку дена пред нејзината смрт го открила идентитетот на неговиот татко, некаде во 50-тите години од минатиот век.

Во прилог на приказната на Лор, одат и официјални германски воени документи кои покажуваат дека војници и носеле пари на Шарлот за време на Втората светска војна.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag