Таква сум, зошто сум вистинска жена!

popara21 февруари, 20121min00
dust

Бриши прашина само кога мора! Што претставува прашината за сите жени?

Вистина е дека нема како да го натераш ветерот да дува во посоката во која ти сакаш. Но пак можеш да ги поставиш платната во правилната посока…

Затоа запомни:

Слојот прашина врз мебелот го штити од повреда!

Една куќа се претвара во вистински дом тогаш кога ќе можеш да напишеш врз мебелот со прст – „Те сакам!“

Претходно:

Јас секоја седмица поминував по 8 часа во чистење и бришење прашина. А во меѓувреме очекував да дојде некој на гости и да го оцени мојот труд!

Но еден ден сватив дека никој нема да дојде, зошто сите се некаде и си го гледаат животот…

Сега:

Кога некој ќе ми дојде на гости не треба да покажувам каква е „состојбата“ на мојот дом.

Сите се интересираат од тоа каде сум била, со кого сум си поминала добро, сум си го живеела животот и не сум чистела.

И ако ти досега сеуште не си сватила,

Тогаш е веќе крајно време да разбереш дека:

Животот е премногу краток!

Не го троши за глупости!

Насладувај му се!

Бриши прашина само кога мора!

Најважно од се е да ја откриеш разликата помеѓу „треба“ и „сакам“!

Затоа бриши прашина само кога мораш!

Не ти останува многу време:

За виното што сакаш да го испиеш,

За реките во кои сакаш да се искапиш,

За планините кои сакаш да ги искачиш,

За музиката што сакаш да ја слушаш,

За книгите кои сакаш да ги прочиташ,

За пријателите што сакаш да ги видиш,

За животот на кој треба да се насладуваш?!

Има решение за овој проблем:

Бриши прашина само кога мораш!

Надвор светот пулсира во ритамот на срцето! Животот те вика!

Помни:

Овој ден никогаш повеќе нема да се врати!

Запомни дека староста доаѓа и тоа нема да е пријатно!

Кога ќе заминеш, а се некогаш ќе заминеш,

Самата Ти ќе се претвориш во прашина…

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma