Нина Бадриќ, хрватскиот претставник оваа година на Евровизија, вчера вечерта во спцијална емисија на HRT ја претстави песната со која ќе се натпреварува.
Песната се вика “Небо”, како што веќе медиумите шпекулираа. Слушнете ја и самите проценете какви и се шансите на музичкиот фестивал во Европа.
Нина ја отпала на хрватски јазик, а дополнително ќе се одлучи дали во Баку ќе ја испее на англиски.
Гости во вчерашната емисија на HRT биле Емилија Кокич, единствената хрватска победничка на Евросонг и претставничките на Македонија и Босна, Калиопи и Маја Сар.
http://www.youtube.com/watch?feature=player_embedded&v=-z0Q9DZo0q8