Кога луѓето од Ротердам одат во локалниот паб, ништо неможе да ги спречи да уживаат со своите пријатели и да испијат неколку пива, дури ни вооружен крадец.
Сигурносните камери во еден паб во Ротердам снимиле вооружен крадец кој влегол во пабот со намера да го ограби.
„Изгледаше како се да е наместено, тој влегол со пиштол во рака, меѓутоа ниту еден муштерија не му борнал внимание. Сите продолжиле да си пијат пиво и да си разговараат“.
Крадецот кој не очекувал ваква реакција, се обидел да ја драматизира целата ситуација, така што и пришол на група луѓе кои седеле на шанкот и им го покажал пиштолот.
Сепак, тој искочил од пабот, а бил фатен два километри подаелку и бил предаден на полицијата.
httpv://www.youtube.com/watch?v=8WhvJDnxw-U