Цеца првиот ден на слобода ќе го помине дома?!

popara21 февруари, 20121min00
цеца

По повод првиот ден на слобода Светлана Ражњатовиќ не планира никакви активности надвор од својот дом и не планира да оди никаде кога ќе и ја отстранат нарквицата.

По осум месеци казна домашен притвор, поради измама околу продажбата на фудбалерот Обилиќ, Светлана Ражњатовиќ во среда повторно ќе биде на слобода. На познатата пејачка ќе и биде отстранета нараквицата за електронско следење која ја носи од 22 јуни минатата година.

Фолк ѕвездата неодамна на Твитер објави дека наскоро ќе заврши уште една тешка епизода во нејзиниот живот, но пејачката не планира да крева фама околу тоа.

Како што дознаваме, за првиот ден на слобода фолк ѕвездата не планира никакви активности, надвор од својот дом , а сосема извесно дека претставници на голем број медиуми  тој ден ќе го следат секој нејзин чекор, доколку дојде до тоа.

“Цеца е уморна од се. Не планира ништо за среда и нема да оди никаде кога ќе и ја отстранат нараквицата”, изјавил близок извор на пејачката.

Инаку, последните десет дена Цеца е активна на својот Твитер профил.

Нејзините обожаватели најавија дека на 22 февруари, кога ќе биде ослободена од домашниот притвор, ќе се соберат пред нејзината куќа во знак на поддршка. Меѓутоа на Facebook страната на познатата пејачка, која има повеќе од 412.000 фанови,  се појавило соопштение во кое се наведува дека се откажува собирот пред нејзиниот дом,”бидејќи преголемата желба на нејзините обожаватели и големиот број луѓе, овој собир за поддршка би можеле да го претворат во нешто друго, што не е намера на организаторите”. Она што е сосема сигурно е дека Цеца тргнува на турнеја. Првиот настап ќе го одржи кон крајот на март во Франкфурт, а потоа следат два концерти во Словенија, па Цирих, Виена, Софија, Париз, Котор..

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma