Дека хомосексуалноста е болест сметаат дури 60% од граѓаните на Црна Гора, а ЛГБТ лицата се меѓу најзагрозените групи во таа држава. Овие резултати беа објавени по истражувањето за ставоите и дискриминацијата на ЛГБТ заедницата.
Истражувањето опфатило 803 испитаници постари од 18 години, а го направило Центарот за граѓанско образование и ЛГБТ форум прогрес во соработка со амбасадата на Канада во Црна Гора.
Истражувањето покажало дека предрасудите и негативните ставови кон ЛГБТ лицата се најчести кај старите лица, оние со понско образование и жителите во руралните средини.
Како потолерантни се покажале младите, урбаните, високо образованите и жените.
Подолениот став кон хомосексуалците се гледа и во тоа што 52% од граѓаните мислат дека луѓето од ЛГБТ јавно треба да си ја искажуваат својата сексуалност, додека 45% се против.