Дебар – го гради и Стамбол

popara21 февруари, 20121min00
дебарското езеро

Градот Дебар се наоѓа во крајниот западен дел на Западна Македонија и воопшто на Република Македонија близу до границата со Албанија. Од Скопје е оддалечен 131 km, а најблиски градови до него се Струга (52 km) и Гостивар (71 km)

Во 17-19 век многу развиена била Дебарската дрворезбарска школа. Нејзините претставници изработиле многу иконостаси воМакедонија , Бугариjа, Србија па дури и во Русија.

Поради својот економски процут, богатството на своите жители и прочуеноста на дебарските мајстори-градители и ѕидари во времето на Отоманската Империја постоела изреката: „Стамбол гори, Дебар го гради“.

Во непосредна близна на Дебар (веднаш после таблата од лева страна) се наоѓа селото Рајчица кое е всушност негово предградие, во кое се наоѓа женскиот манастир Свети Ѓорѓи Победоносец кој е метох на најбогатиот македонски манастир.

Свети Јован Бигорски. Манастирот е возобновен во 1999 година и денес таму повторно се слави Ѓурѓовден. Во близина на дебарските села Баниште и Долно Косоврасти се наоѓаат познатите Дебарски бањи. Во Дебар сѐ уште може да се најдат некои изумрени занаети како терзии, дограмаџии и останати занаети кои сѐ уште опстојуваат и во чаршиите во Прилеп и Битола. Истотака познати се и дебарските мајстори-ѕидари и дебарските тапанџии и зурлаџии.

Одличен викенд особено летно време, може да се доживаа на Радика, а и спелеолозите не би смееле да го пропуштат овој регион.

 

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma