Кога ќе не напушти голема ѕвезда, на “мршојадците” не им треба долго! Најчесто доаѓаат од редовите на нејзиното семејство. Така е и во случајот со пејачката дива Витни Хјустон, чие семејство планира да заработи на снимката од нејзиниот погреб!
Како што пренесуваат американските медиуми, агенцијата Associated Press, која работела на преносот во живо на погребната церемонија, на медиумите ширум светот им поделила неколку исечоци. Но, во рок од 24 часа, на барање на семејството на Витни Хјустон морале да се повлечат. Всушност, претставник на семејството известува дека на медиумите ќе им го наплати користењето на снимките со цел да “го зголеми богатството во корист на Боби Кристина”.