Oткако Ештон Качер ја доби главната улога во “Два и пол мажи” која го прослави Чарли Шин, почнаа јавна контроверзност околу тоа дали само серијата станала лоша или и Ештон Качер е лош актер. На ова не му придонесе ни повременото коментирање на Чарли дека продукцијата паднала или тоа дека Ештон никогаш нема да може да го надмине, а сето тоа кулминираше со јавната порака од страна на Чарли за тоа дека Качер е лош и не ја игра добро улогата. “Уморен сум од лажење, уморен сум од преправање дека емисијата не е срање, уморен сум од преправање дека ештон не е лош”, изјавил Чарли Шин.
Сепак, дека Чарли има совест, докажува и тоа што во текот на оваа недела добил потреба да се извини на колегата, па му го напишал следново писмо: “Почитуван Ештон, јас згрешив. Немав респект за човекот кој дава се од себе. Бев возбуден и те фрлив во вкрстен оган, но зад останатиот дел од изјавата сеуште стојам. Ти сепак заслужуваш подобро”. Ештон сеуште јавно не се изјаснил дали го прифатил извинувањето или не.