Најновиот концепт на Ербас, кој беше претставен на саемот за авиони во Париз, буквално ги остави сите без здив со својот неверојатно откачен дизајн, современа технологија и интересни иновации.
Од компанијата велат дека авионот ќе биде пуштен во употреба во 2050 година, што звучи навистина неверојатно со оглед на фактот дека авионот изгледа како да е светлосни години понапред од денешната технологија.
Она што е најинтересно кан овој авион е фактот дека горниот дел од трупот ќе биде направен од „интелигентна“ мембрана која ќе може да стане проѕирна и да им овозможи на патниците неверојатна глетка на синото небо или пак на светкавите ѕвезди.
Централниот дел од авионот е наменет како интерактивна зона за социјализирање, односно како дел наменет за забава и виртуелни игри, како на пример виртуелен голф.
Седиштата ќе бидат направени во сосема нов концепт, ќе ја користат топлината од телата на патниците за да го напојуваат авионот и ќе имаат еден куп холограмски гаџети на располагање.
Добро, останува уште да видиме што храна ќе послужуваат!