Руската Парис Хилтон, таа ќе го сруши Путин!

popara22 февруари, 20121min00
b76yg

Ксенија Сопчак (30) лидер на антипутиновските масовни протести во престолнината на Русија, која ќе го сруши Путин.

Убавата водителка на риалити шоуа, има за цел да го уништи Владимир Путин. Руската Парис Хилтон како што ја нарекуваат има силни семејни врски со рускиот премиер, но сепак го дигнала гласот против него и станала еден од најсилните лидери на опозицијата на неодамнешните протести.

Таа е ќерка на Анатолиј Сопчак, кој бил првиот слободно избран градоначалник на Санкт Петерсбург во 1991 година, а Путин му бил заменик. Во 1997 година Сопчак пребегал во Париз поради обвинение дека зимал мито и ја злоупотребувал својата моќ. Се вратил во Русија во 1999 година, кога Путин веќе станал важна фигура во јавноста и политиката, а обвиненијата биле повлечени. Нејзината мајка Људмила Нарусова била заменилк претседател на долниот дом на рускиот парламент, а во 2002 година станала сенатор во горниот дом.

Меѓутоа, нивната ќерка им избегала од контрола. Без оглед на семејните врски со Путин, Ксенија била најгласната на протестите против него. Таа пишувала на социјалните мрежи против Путин и против  неговата партија, а зборувала и јавно на митинзите. Опозицијата кажала за критичарите да не ја доживуваат Ксенија само како разглаена богаташка.

Но, тоа на русите им паѓа тешко. Исто, како и Парис Хилтон во САД, Ксенија се забавува само со милионери, вози порше, а се сликала и за насловната страна за Плејбој. Најпозната е како водителка на реалното шоу, поточно руската верзија на Големиот брат. Сепак, таа има диплома по меѓународни односи и магистрирала политички науки.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma