Емина Јаховиќ во Истанбул во вторникот се породила со царски рез. Момчето тежи 3.200 грама и е долго 52 сантиметри. Интересно е тоа што Емина родила син со иста должина тежина како синот на Северина, Александар, кој е роден претходната ноќ.
-Емина родила со царски рез во 10 часот претпладне во Американска болница. Момчето тежи 3.200 грама, и долго е 52 сантиметри. Породувањето поминало брзо и лесно, а пејачката се чувствува одлично, изјавил менаџерот на пејачката.
Се шпекулира дека неговото име е Адам, што значи прво од Бога.