Просечните жени почнаа да ги споредуваат своите тела со ѕвездите со раскошни облини. Дури и модната индустрија почна да се менува.
Многу жени се споредуваат со дамите кои стекнале слава без оглед на облините, како што се Адел и новиот секс симбол Кристина Хендрикс. Слабо повеќе не е во мода и жените со облини полека го освојуваат светот!
Иако Карл Лагерфилд изјави за Адел дека е дебела, ќе мора да се помири со тоа дека облините се повторно во мода. Женствената фигура од оваа сезона се враќа во мода, а жените кои носат малку поголеми конфекциски броеви од слабите манекенки, можат повторно да се чувствуваат убаво и посакувано.
Адел е горда на своите облини, а Карл се извини…