Богатата колекција на Марни создадена за модниот гигант ја продолжуваме со серија аксесоари на Консуело Кастилиони. Дизајнерката на Марни е помеѓу малкуте раководители на големите модни куќи кои си дозволуваат да употребуваат рециклирани материјали за производството на своите творби. Затоа и очекувавме да видиме накит од пластика во живи и летни бои.