Џенифер Анистон открила што помислила за нејзиното момче кога го видела прв пат…
Актерката вели дека нејзиниот сегашен дечко Џастин Теру и делувал како сериски убиец кога го видела прв пат. Вели дека бил многу мрачен и чудно расположен.
-Го запознав Џастин пред пет години и беше многу добар и љубезен, но и многу мрачен. На прв поглед изгледа како сериски убиец, но всушност е најдобра личност на светот, изјавила Џенифер, која во Џастин, како што таа вели, ја пронашла својата сродна душа.