Продавач од англискиот град Госпорт во округот на Хемпшир тој ден како и обично си ги хранел лебедите во малото езеро. Храната која ја донел ја држел во пластична кеса, а бидејќи дувал силен ветер му ја однел и паднала право во вода.
Додека се обидувал да ја дофати кесата со храна и да ја извлече од водата, тој паднал во неа. Еден од сведоците видел дека човек паднал во езерото.
„Прво изгледаше како да е се во ред и да плива, но веќе следниот миг тој плуташе во водата со лицето надолу“, изјавил очевидецот.
Специјалната единица за спасување стигнала на местото само десет минути по полицијата и пожарникарите, но за несреќниот човек тоа било предоцна.