
Линдзи Лохан и понатаму е на добар пат. Судијата Стефани Саутнер, позната по тоа дека на однесувањето на проблематичната актерка не гледаше ни малку позитивно, уште еднаш ја пофалила Лохан откако го погледнала најновиот извештај за напредокот.
Ова е веќе трета пофалба по ред, а Лохан успешно ја завршила целата социјално корисна работа и терапија за периодот од претходното сослушување. “Се чини дека животот повторно ве враќа на вистинскиот пат”, изјавила судиката.
Следното сослушување е закажано за 29 март, а Лохан до тогаш мора да одработи уште 14 дена социјална корисна работа во градската мртовечница во Лос Анџелес и да оди на пет тераписки сеанси.
Пријателите на Линдзи Лохан дека е токму строгиот однос на судиката Стефани Саутнер ја спасила ЛиЛо.