
Анистон е првата ѕвезда од познатата серија “Пријатели”, која доби ѕвезда во Холивуд.
“Родена сум во Калифорнија и сум вистинска калифорниска девојка, но нешто вакво отсекогаш беше во моите мисли. Тоа дури не беше сон, тоа беше еден од моите најлуди соништа. Не ни помислував дека може да се оствари. Затоа сум многу благодарна што денес стојам тука”, изјавила Анистон.

Актерката, ѕвездата ја примила во присуство на нејзиниот татко Џон Анистон, дечкото Џастин Теру и неколку пријатели меѓу кои и актерот Адам Сендлер со кој играше во филмот “Just Go With It”.

Тој во свој стил им се обратил на присутните и ги насмеал.
“Таа се молеше за три работи: да го засени целиот свет со својата коса, еден ден да глуми дух кој убива луѓе и најважно, да ја добие престижната ѕвезда на Булеварот на познатите. Епа, Џенифер, денес ти се исполни и третата желба”, изјавил Сендлер.
