Амстердам… Уметничката престолнина на Европа

popara23 февруари, 20122min00
653y563

Добредојдовте во градот карактеристичен по холандската архитектура, бродовите, мостовите, каналите…

Амстердам е музеј на отворено, ризница на знаменито историско наследство од 17 век, несекојдневни градежни остварувања, тесни фасади во разни бои, 1500 мостови, многубројни канали, чамци кои пловат непрестано…

Ова неверојатно уредено кралство, во кое веќе подолг период владеат жените, не е без причина збиралиште на туристи од целиот свет, емигранти од сите националности и бои, кои даваат посебен белег на земјата, чија поголема површина се наоѓа под нивото на морето. Амстердам е еден од ретките градови во Европа, во кој нема да се чувствувате како странец, бидејќи овде живеат повеќе од 180 националности. Во градот има повеќе од 50 музеи, а најпопуларни се „Стеделијк“, Музејот на современата уметност, „ Ван Гог“, Музејот на восочни фигури „Тисо“ и оригиналната пивара „Хајнекен“. Изборот е неверојатен, едноставно без разлика како ја доживувате уметноста, без сомневање ќе најдете музеј кој ќе го задоволи Вашиот вкус.

Ноќниот живот во Амстердам е вистински предизвик. Постојат повеќе од 50 кина, театри, во кои се играат и претстави на англиски јазик, а концертите на класична музика се изведуваат во преубавите, осветлени паркови.

Идеално место за шетање, е покрај реката Амстел. Во вечерните часови, забавувајте се во некој од локалите, во делот на градот наречен Јордан. Објекти кои ќе Ве воодушеват се и музејот Рајкс и стадионот на Ајакс.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma