Една пијана жена претепала тројца полицајци во Москва кои се обиделе да ја уапсат за време не нејзината караоке изведба, поради „кршење на јавниот ред и мир“, соопштила полицијата.
инцидентот се случил во еден бар во населбата Нов Арбат. Жената чие име не било објавено, почнала да ги пцуе и навредува полицајците и се однесувала грубо и насилнички.
Кога полицајците тргнале да ја уапсат, таа почнала да ги напаѓа со се што и се нашло при рака.
Двајца од нив биле претапани, додека едниот бил префрлен во болница, соопштила полицијата.
Била отворена истрага за напад врз полицјаци за време на должнот, што обично се казнува со пет години затвор.
Не е јасно зошто жената била толку агресивна.