Дека понекогаш животните се подобри пријатели од луѓето сведочи и судбината на Емин Љутиќ од Босна, кој се иселил од сопствената куќа во контејнер за да ги задржи двете мечки, Лака и Гвидо кој ги храни.
Босанецот пред две години во својот дом ги примил мечките кој ги пронашол во шумата. Ги однел во својот дом и почнал да живее со нив. Бидејќи тие биле мали и без мајка, тој почнал да ги храни со шишенца, а според него им бил и татко и мајка.
„Ја оставив својата фамилија и решив да им се посветам на животните. Делев со нив кревет, храна, се. Ги гледав како свои деца, неможам да си го замислам животот без нив“, изјавил Емин.
Меѓутоа, кога мечките пораснале, мала била куќата за тројца. Емин решил да се пресели, а куќата им ја отстапил на своите „деца“ мечки.