Се исплати да се биде пират?! :))))

popara23 февруари, 20121min00
g6476

Сомалиските пирати во 2011 година „заработиле“ над 170 милиони долари.

Сомалиските пирати минатата година врз основа на киднапирани морнари и бродови успеале да добијат околу 170 милиони долари, што е за 60 милиони повеќе од минатата година, а дел од тие пари влегле и во законските финансиски текови, изјавиле официјални лица од Обединетите нации.

Просечната цена за ослободување на еден товарен брод со екипаж изнесувала околу 5 милиони долари, а ако станувало збор за танкери цената била двојно поголема.

Шеф на одделот за дрога и криминал на ОН Јури Федотов изјавил дека нема податоци кои укажуваат на поврзаност меѓу милитарната организација Ал Шабаб, која се бори против владата во Могадишу.

Процеси се водсат против 1116 сомалиски пирати надвор од африканските земји, а уште 688 се наоѓаат пред судовите во Кенија, Сомалија,  Танзанија, Сејшели и други земји.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma