Актерката Анџелина Џоли од 2000 до 2003 година беше во брак со Били Боб Торнтон. Иако после разводот немаше многу убави зборови за овој период од својот живот кој и беше обележан со дрога и депресија, Анџелина неодамна напиша предговорот за неговата книга.
Торнтон напиша биографијата за неговите пет бракови така што актерка самата се најде во книгата “The Billy Bob Tapes: A Cave Full of Ghosts”. Интересно е тоа како американските медиуми неодамна објавија дека Бред и Анџелина додека вечерале во еден ресторан, започнале кавга бидејќи Анџелина зборувала на мобилен со Боб, а Бред со солзи во очите го напуштил ресторанот.