Шишињата во идинина би можеле да се јадат. Научниците од Универзитетот во Харвард развиле посебен материјал кој може да се јаде наречен WikiCells кој може да добива и различни вкусови.
Станува збор за комбинација на биоразградливи полимери или пластика и честици храна.
Научниците појасниле дека станува збор за цврста обвивка слична на лушпата од јајце која може да поприма разни вкусови , од портокал до чаколадо и ванила.
Биомедицинскиот инженер д-р. Дејвид Едвардс изјавил дека од споменатиот материјал немаат направено шишиња, но се надеваат дека наскоро ќе имаат прототип.