Цеца го посетила гробот на нејзиниот сопруг Жељко Ражњатовиќ Аркан додека новинарите чекале со часови да излезе од куќата.
За да ја пприкрие трагата, Цеца првиот ден на слобода се појавила на прозор и ги поздравила фановите, а потоа исчезнала. И логично би било потоа да се појави на вратата од нејзината куќа, но наместо тоа, таа три часа подоцна излегла од џипот и влегла во куќата. Мистерија за сите, но не и за нас!
-Таа излегла низ тајниот премин кој води до пекарница, оддалечена 40тина метри. Зад овој објект постои двор кој не се гледа од улицата. Ја чекал џипот и таа со членовите од обезбедувањето заминала на гробишта.
На надгробната плоча оставила 20 црвени рози и еден икебана. Запалила голема свеќа, која сеуште горела кога новинарите пристигнале на неговиот гроб.