Поранешната сопруга на Чарли Шин, Брук Милер и понатаму има проблеми со законот. Откако минатата година беше уапсена во Аспен за напад врз една жена и поседување на кокаин, сега и се заканува затворска казна за овој прекршок. Како што пренесуваат амаериканските медиуми, обвинителството прво наведува дека поседувала повеќе од четири грама кокаин, за што и се заканува казна до шест години затвор, а сега се променети обвиненијата и казната е намалена на 18 месеци затвор. Сепак, наводно би можела да се извлече само со условна казна, бидејќи ова и е прво злодело.