Кон крајот на минатата година се верија Џестин Тимберлејк и Џесика Бил, а овие денови разговараат за предбрачниот договор. Според американските медиуми, Џесика сака во договорот да стои точка според која, ако Џестин ја зиневери, ќе мора да и исплати најмалку половина милион американски долари. Причина за тоа е тоа што тој веќе бил неверен во текот на четиригодишната врска: “Сеуште не му верува 100%. Убедена е дека, кога ќе се здебели во текот на бременоста, тој повторно ќе ја изневери”.
Џастин наводно не се согласува со нејзиното барање, тој сака предбрачниот договор да се однесува исклучиво за финансиите и да не содржи клаузула за вредност.