Стење

popara26 февруари, 20122min02
1

На западниот брег на Преспанското Езеро, во подножјето на планината Галичица на надморска височина од 855 метри, на самата граница со Република Албанија, се наоѓа селото Стење. Селото Стење се наоѓа на 23 километри западно од централното градско подрачје на Ресен.

Самите стенчани сметаат дека нивното село името го добило по стените кои го надвисувале на неговата првобитна локација.

Стење е богато со природни и културно-историски места. Во самото село се наоѓаат црквите Св. Кирил и Методиј (1911 г.), која се наоѓа во центарот и Св. Атанас (16 в.), на крајот од селото. Плажата во Стење е посебна геолошка реткост – таа се состои од ситен кварцен песок, остаток од глацијалниот период.

За оние коишто сакаат да уживаат во пешачење низ природата, Стење пружа прекрасна можност за такви прошетки – покрај езерото до прекрасниот залив Лиса и селото Коњско, по планинските патеки низ Галичица, по кои можете да стигнете до превојот Пресека, од каде како на дланка се гледаат двете езера (Охридското и Преспанското). На планината ќе имате можност да собирате цвеќиња и лековити билки и чаеви.


Во близина на Стење се наоѓа и надалеку познатиот остров Голем Град до кој можат со чамец да ве прошетаат локалните жители од Стење. Но, сите посети на самиот остров треба да се договорат со Националниот парк “Галичица”. Од културно-историските споменици ви препорачуваме да ги посетите манастирската црква Св. Илија (1921 г.), во заливот Лиса, црквата Св. Петар (19 в.), на островот Голем Град и пештерската црква Св. Петка (19 в.).

Кога ќе се најдете во Стење, штета ќе биде да не пробате специјалитет од познатите преспански риби – крап и сушена белвица-циронка. Љубителите на риболовот можат и самите да уживаат во спортскиот риболов долж брегот на Езерото во Стење или, пак, да ги посматраат вештите локални рибари.

 

 

2 comments

  • Татјана Д. М.

    26 февруари, 2012 at 13:57

    УБАВО, АМА ЗАПУСТЕНО, НЕСРЕДЕНО…!
    ЏАБЕ УБАВИНАТА!

    Reply

  • Gjorgji

    26 февруари, 2012 at 13:13

    Ne mozev da ostanam ramnodusen na napisot za Stenje, najubavata (no najzapustenata) plaza vo Makedonija. Celoto mesto, okolinata, ezeroto…..bukvalno se sto ve opkruzuva zraci so spokoj, so mir, so skriena, no i so vidliva ubavina. Tuka covek moze da se posveti na sebe ili pak na svoeto semejstvo, ne gubejki go vnimanieto vo nekoi drugi sporedni raboti (kafeterii, butici, ulicni prodavaci i sl.) kako sto e vo drugite turisticki mesta. No, nemozam da ne im zabelezam na Stencani za nezainteresiranosta kon privlekuvanje i zadrzuvanje na turistite koi doagjaat vo Stenje, barem so griza za plazata (malku sami da se angaziraat okolu sreduvanje na istata) kako i privlekuvanje na turisti so investiranje vo smestuvacki kapaciteti so standardi koi se najophodni. Osobeno im zabelezuvam za neinvestiranjeto vo vodovodna mreza so sto ke go resat vodosnabduvanjeto vo letniot period. No, da ne dolzam, go sakam Stenje i mnogu dobro go poznavam i barem ednas godisno prestojuvam vo nego. Ne vlecam koreni od toj del na Makedonija i nemam vikendicka tamu (a bi sakal), no se poveke i poveke “se ladam”, sto ne sakam da mi se slucuva. Apeliram do nadleznite (pred se selanite), afirmirajte go Stenje, bidejki e edno od najubavite mesta vo Makedonija (posle Galicnik).

    Reply

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag