Луѓето постари од 70 години, кои дневно внесуваат помеѓу 2.100 и 6.000 калории се под двојно поголем ризик од губење на меморијата, што може да биде почетен знак на Алцхајмеровата болест.
“Претераното внесување на калории не е добро за мозокот”, вели д-р Џонас Гед, професор по неурологија и психијатрија.
За потребите на студијата, истражувачите собрале податоци од повеќе од 1.200 луѓе на возраст од 70-89 години. Меѓу нив се пронајдени 163 лица со оштетена меморија.
Секој испитаник кажал колку калории внесува дневно. Една третина консумираат помеѓу 600 и 1.500 калории, исто толку помеѓу 1.526 и 2.142 и една третина помеѓу 2.143 и 6.000 калории.
Меѓу луѓето кои консумирале најмногу калории ризокот за оштетување на меморијата бил повеќе од двојно зголемен, изјавиле истражувачите.
Не е јасно зошто прејадувањето влијае лошо на мозокот но, прекумерна доза на калории може да доведе до оксидативено оштетување кое ја менува структурата на мозокот”, изјавил Гед.
Овие наоди им овозможуваат на лекарите да започнат дискусија за односот меѓу здравите навики и функцијата на мозокот. Студијата покажува дека сето она што е добро за срцето, добро е и за мозокот – и обратно.