Амбициозниот британски творец на супер-автомобили, Keating Supercars, првично беше детектиран на радарот во 2008-та година, кога тие ги претставија своите првите две возила: SKR и TKR. Двата болида беа опремени со V8 мотори, но силата од тие мотори беше екстравагантно различна. SKR беше во можност да произведе 500 коњски сили додека TKR беше туркан од извонредни 1500 коњски сили. Сега британскиот производител на автомобили ги поместува границите уште повеќе со новиот ZKR кој ќе достави неверојатни 2200 коњски сили!