Дванаесет годишната англичанка Криси за да не умре мора да изеде 92 килограми пченично брашно годишно.
Девојчето боледува од ретка болест и се манифестира со таложење на гликоген.
Тоа значи дека нејзниот црн дроб не ослободува гликоза, неопходна за телото да има енергија за секојдневните напори, пишува Дејли Мејл.
Пченичното брашно и овозможува постепено и редовно да ослободува енергија. Доколку не го јаде таа би можела за краток рок да падне во смртоносна кома.
Оваа ретка болест погодува едно од три милиони лица.
Криси изјавила дека навикнала на овој начин на живот и одговорно се придржува до него бидејќи само така може да преживее.