Тинејџерската ѕвезда, пејачот Џестин Бибер им се заканува на креаторите на играта “Џестин Бивер” дека ќе ги тужи доколку не ја отстранат апликацијата iTunes.
Поточно, на игрицата еден дабар облечен во виолетова тренерка, со фризура која потсетува на онаа на Бибер, плива во поток и по патот ги убива чудовиштата. На младиот пејач не му се допаѓа тоа што неговата репутација се загрозува на ваков начин, па затоа ангажирал адвокати и им се заканил на креаторите на играта со тужба доколку не ја тргнат од iTunes, каде се продава по цена од 0,99 долари. Креаторите на играта тврдат дека тоа е пародија и дека не постои основа за тужба со оглед на тоа дека ги штити американскиот прв амандман.