Како ананасот топи килограми?

popara27 февруари, 20121min00
4

Ананасот не само што помага за намалување на телесната тежина, но е и многу богат со витамини и минерали.

За да се избавите побрзо од излишните килограми, кои се натрупале зимава, може да си помогнете ако го вклучите ананасот во своето секојдневно мени.  Диетолозите тврдат дека така за само 7 дена можете да се ослободите од 3 килограми.

Но истовремено со ова треба да пиете и многу течности, чајеви, свежо цедени сокови од грејпфрут и лимон, минерална вода и задолжително зелен чај наутро и навечер.

Ананасот содржи калиум неопходен за работата на срцето и бубрезите, цинк кој активно учествува во одржувањето на здрава и убава кожа и многу магнезиум кој е неопходен за коските и нервниот систем.

Доволно е после секое јадење да пиете по една чаша свежо исцеден сок од ананас, тврдат американските диетолози. Според нив ова егзотично овошје помага при разградување на мастите и го спречува нивното натрупување, а истовремено го снабдува организмот со многу полезни материи.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag