Земјоделоцот Џон Матураре едвај спасил жива глава од нападот на крокодилот кој му ги гризнал тестисите.
Човекот преминувал преку река, а на главата носел гајба со домати кои требал да ги однесе до пазарот кој бил во близина. Не ни претпоставувал дека ќе му се појави страшниот рептил.
„И порано сум ја преминувал реката. Крокодилот ме гризна за задникот, пред да ја нападне мојата машкост. Ми ги одгриза тестисите, а кожата на мојот полов орган е делумно откината. Брзо се обидов со рака да ја тргнам неговата уста, ме зграби за раката и можев да почуствувам како ми пукаат коските. Кога видов дека ја губам битката ги испиштив доматите во реката, а тој веројатно од буката се исплаши и ме пушти. Го искористив тој момент за да преминам на другата страна, додека низ нозете ми течеше крв“, изјавил 70 годишниот замјоделев за локалните медиуми.
Тој моментално се наоѓа во болница ќаде треба да му се направат неколку операции.