Покрај убавиот изглед, пожелно е кандидатите да бидат духовити?!
Една болница од Стокхолм распишала конкурс за вработување на згодни и убави болничарки и медицински персонал.
„Доколку сте мотивирани, професионалци, имате смисла за хумор и добро изгледате, а имате медицинско образование, тогаш треба да се пријавите и да работите кај нас“, наведено било во огласот.
После бурните реакции во јавноста, се изјаснил и менаџерот на болницата Јорген Андерсон, кој изјавил дека раководството само сакале да каже дека сака да вработи некој компетентен, а со огласот сакале да привлечат што повеќе внимание, а со тоа и потенцијални кандидати.