Серумот кој наводно подмладува и до пет години и е омилениот трик на актерките пред Оскарите, е распродаден веднаш штом се појавил во продажба.
Т.н. супер серум, пофален како алтернатива за намалување на естетските зафати и скапи третмани, е распродаден низ територијата на Велика Британија во рок од 48 часа откако е пуштен во продажба.
Се работи за Hyaluron од козметичката компанија Swisscodeza, за која многумина тврдат дека подмладува дури и до 5 години. Во прилог на брза продажба оди и фактот дека големи обожаватели на серумот се Џенифер Анистон и Кортни Кокс додека Ема Томпсон и Хелен Мирен секогаш го користат пред доделувањето на Оскарите.
“Практикувам да го користам пред да нанесам темелна шминка, а сите мои клиенти го обожаваат супер серумот поради неговите импресивни резултати”, изјавил водителот на make-up тимот за Оскари, Лу Пејџ.