Колку човек може да се заблуди понекогаш во изборот на својата љубовна врска…Запознава некого, се среќаваат 3-4 пати и хоп во нова љубовна врска. Но дали размисливме добро за нашиот нов избор?
Ова прашање е многу важно понекогаш и зависи многу дали тоа е правилниот избор или сме направиле голема грешка, за која можеби покасно ќе се каеме.
По принцип секој почеток е добар, но ако тоа не е вистинската љубов што сме ја барале, работите можат да станат критични. Одговорот на ова ќе го дознаеме откако добро ќе се запознаеме. Затоа не треба да се брза, за заеднички живот со партнерот.
Ако нема љубов или ако љубовта не е доволно голема недостасува хармонија помеѓу партнерите. Заедничкото живеење е многу сериозна работа и треба навистина добро да се размисли.
Ако љубовта не е вистинска, после извесно време ќе исчезне и ќе останат само кавгите. А имено хармонијата е знак за тоа колку е силна љубовта и што чувствуваме за човекот што сме го избрале.
Затоа добро отворете ги очите и размислете пред да се согласите на заеднички живот или брак. Дали навистина добро го познавате човекот со кого сакате да живеете?
Дали навистина чувствуваме љубов кон него или само сме во заблуда дека го сакаме? Ако е само заблуда и во таа врска не постои љубов, подобро е навреме да ја прекратите. Зошто после ќе биде касно. Затоа дајте си доволно време…