На една разведена шпањолка судот и наредил да плати 1000 евра оштета, затоа што на фејсбук профилот закачила фотографија на која носела маица со натпис кој бил навредлив за нејзниот поранешен сопруг.
Двојката се развела уште во 2005 година, а 48 годишната жена ја поставила спорната фотографија на фејсбук во 2010 година. Нејзниот сопруг во декември минатата година ја забележал таа фотографија на нејзниот профил и веднаш покренал тужба.
Судот во Мадрид застанал на стараната на навредениот маж и се сложил дека маицата со натпис „Mi exmarido es gilipollas”, што значи „Мојот поранешен маж е кретен“, била навредлива.
Судот сметал дека таквиот натпис е напад на достоинството и репутацијата на човекот, па заради тоа на жената и било наредено да плати 2000 евра и 240 евра за судски трошоци. Сепак, подоцна казната била намалена на 1000 евра и осум дена куќен притвор.