Li-Ion Inizio

popara28 февруари, 20121min00
li_ion_motors_inizio-electric-car

Li-Ion е американска компанија основана во Северна Каролина која го претставува своето прво електрично возило наречено Inizio. Екстериерот на автомобилот изгледа како спој на предницата на Dodge Viper со задната страна на Porsche. Неколку впечатливи карактеристики кај Inizio се ротациони врати кои се отвораат до агол од 90 степени и хидрауличен систем кој му овозможува на автомобилот да се подигне за три инчи за полесен и поудобен пристап. Потоа, таму се 20-инчните алуминиумски фелни кои го даваат конечниот детал на супер-автомобилот. Електричниот двосед доаѓа со прилагодливи Recaro седишта – кожни или велур, во зависност од изборот на клиентите –  исто така и опционално греење и ладење на седиштата, вклучувајќи и DVD плеер, вграден 12-инчен сабвуфер, дигитален систем со surround технологија и интегриран навигациски сателитски систем. Електричниот супер-автомобил Inizio доаѓа со литиум-јонски батерии кои произведуваат повеќе од 40kW, со електричен мотор кој брои околу 145kW. Овој вид на моќ му овозможува на електричниот автомобил да достигне опсег од околу 400 километри, со забрзување од 0-100 км/ч во време од 3,4 секунди и максимална брзина околу 270 км/ч.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma