На социјалната мрежа како молња се прошири веста дека актерот Роан Аткинсон починал. Секако, тоа не е вистина.
Трачот го започнал корисник на Тwitter од Филипините, Мајкл Робертс Мерас, кој објавил дека Мистер Бин почонал.
“Свежи вести од Британија, актерот Роан Аткинсон почина вечерва”, објавил тој, а интернет-заедницата почнала да ја шири “веста”…
Трачот умешно ги измамил и уредниците на Википедија, на која неколку часа стоело дека датумот на смртта на познатиот комичар е 26 февруари 2012 година.
Секако, Мистер Бин е жив и здрав, но се придружил на толпата познати кои интернет заедницата по грешка го “погребала”. На овој список се најдоа и Еди Марфи, Чарли Шин, Овен Вилсон, Адам Шиндлер и други.