Двајца мажи успеале да украдат мост во југозападна Полска и го продавале во делови, соопштила полицијата.
Мостот кој служел за локалниот рудник, бил расклопен во неколку делови кои крадците успеале да ги украдат и да ги однесат во повеќе наврати во фабрика за рециклирање на метал.
Крадците биле фатени сосема случајно, јавува Риа.
Обезбедувањето на рудникот забележал сомнителен камион паркиран покрај патот и повикало полиција. Крадците се соочуваат со пет години затвор, доколку бидат осудени.