Благодарение на зголемувањето на цената на нафтата и гасот, земјата во Персискиот залив, Катарм со своите 1,7 милиони жители е прва на листата, најбогата држава во светот.
Катар е трет во светот по количините на резерви на гас, нафта, а а заедно со тоа има вложено огромни средства во инфраструктурата и станува центар на бројни мултинационални финансиски компании.
Користејќи ги податоците од ММФ за 2010 година, според анализите на бруто националниот приход по глава на жител изразен и преку куповната моќ на граѓаните во 182 земји, Форбс направи листа на најбогатите земји во светот.
По Катар, втор на листата се најде Луксембург, а трета е Сингапур. Потоа следуваат Брунеи, па Норвешка, Соединетите Арапски Емирати се на шесттото место.
Меѓу најсиромашните земји во светот се најдоа Бурунди, Либерија и Демократска Република Конго, како последна.