Во рускиот град Астрахан вчера се сруши дел од стамбена зграда, поради експлозија на плин, а некој случаен минувач успеал се да сними на камера.
Девет катницата во градот кој е одалечен 800 километри југоисточно од Москва, се срушила по експлозија на плин. Најмалку 12 луѓе биле повредени, а за 14 се уште се трага под рушевините.
Регионалната истражна комисија заклучила дека експлозијата ги уништила првите три ката, а потоа се срушиле и останатите шест.
Според последните информации загинале шест лица.
httpv://www.youtube.com/watch?v=mvlN7Uh_y5Q