Жената од рускиот регион Кхабаровск била уапсена откако се обидела да си го продаде синот за 300.000 рубли или 10.353 долари јавила локалната полиција.
Според извештаите на полицијата жената се обидела да го продаде синот прво за 800.000 рубли, но го смалила износот по ценкањето со клиентот. Руските медиуми јавиле дека жената има и седум годишна ќерка која моментално е згрижена кај бабата.
„Осомничената жена веќе два пати во 2011 година доаѓала во судир со законот, бидејќи не се грижела и не преземала одговорност за своите деца, како и дека насилно се однесувала кон нив“, известила локалната полиција.
Надлежните поденеле обвинение против неа, која сега се терети за трговија со луѓе, а доколку биде осудена може да се соочи со десет години затвор.
Детето кое се обидела да го продаде сега е сместено во болницата во градот Бикин.