Властите во Малезија денес го забраниле планираниот концерт на американската пејачка Ерика Баду откако во јавноста се појавила фотографија од добитничката на Греми со арапски зборови за Алах напишани на нејзиното тело.
Американската R’n’B пејачка Ерика Баду требало да настапи утре во Куала Лумпур, но некои муслимански групи оцениле дека Баду е непогоден пример за младите во Малезија откако во јавноста се појавила нејзината фотографија со привремена тетоважа со зборот “Алах” на нејзините голи рамења.
Владината комисија која ги вклучува и полицијата и муслиманските претставници одлучиле да го забранат настапот на пејачката затоа што тетоважите на нејзиното тело се “навреда за Исламот и многу сериозен прекршок”, се вели во соопштението на министерот за информации Раис Јатим. Фотографијата од Ерике Баду “започнала јавна критика која би можела да ја згрози националната безбедност и може да предизвика негативно влијание врз имиџот на владата”, се вели во соопштението.
Пејачката (41) веќе пристигнала во Малезија но ќе остане како турист, бидејќи не и е дозволено да настапува.