Основната храна за мозокот – позитивните мисли!!!

popara29 февруари, 20121min00
1

Во продолжение на неколку години  научници од Америка ги анализирале ефектите од медитацијата и позитивното мислење врз т. нар. гама мозочни бранови. Тие утврдиле дека тоа води кон раст и развој на мозокот, која појава во медицината е насловена како невропластичност.

Во минатото науката верувала дека штом веќе еднаш мозокот се формира во раното детство, останува понатака физички непроменет во текот на целиот живот. Но напредокот во технологијата за скенирање на мозочната активност радикално ги менува погледите врз оваа тема и веќе владее идеата за појавата наречена невропластичност – односно постојано развивање на мозокот.

Експериментот открива дека медитацијата ги зголемува гама брановите во мозокоткои пак се одговорни за зголемувањетио на свеста, интелигенцијата, бистриот ум, фокусирање, меморија, позитивни мисли и расположение.

После ова научницитетврдат дека тренирањето на умот со медитација, јога, позитивно мислење и со други техники води до порманентни промени во структурата на мозокот кој непрекинато расте и се усовршува.

Не случајно, денес една од најактуелните теми е силата на позитивното мислење, сватена како креатор апсолутно на се, на нашиот живот, нашето психичко и емотивно здравје, нашата среќа или несреќа…се почнува од мислата, а каква ќе ви биде мислата, такви ќе бидете и вие. Ништо не губите ако пробате, мислете позитивно и создадете еден среќен позитивен мал свет околу вас, кој ќе го содржи целит универзум во него.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma